30 дневен блог предизвик !Запознајте ме подобро..# дел 2!

Здраво девојки,

Доколку го погледнавте мојот предходен текст, можевте да ги прочитате првите 10 одговори на прашањата од предизвикот кој го започнав. Денес продолжуваме понатаму, и тука ќе може да ги прочитате одговорите на ште 10 прашања.

Па да започнеме:

  1. 10 омилени продукти кога станува збор за храна- кафе, млеко, кашкавал, бела чоколада, банани, црешни, диња, дуња, мисиркини медаљони и тестенини.
  2. Омилена книга од детството – Марта, роман во кој се опишува живото на едно девојче по име Марта која за жал расте само со нејзината мајка бидејќи нејзиниот татко починал .Романот раскажува за сите предрасуди и потешкотии со кои таа живее поради тој факт.

13.Што има во твојот фрижидер – главно овошје, зеленчук и млечни производи.

  1. 3 здрави навики – пијам околу 3 литри вода на ден, секое предпладне како ужинка јадам една чинија полна со различно овошје, не вечерам после 20h.
  2. Каде се гледаш за 5 години – тоа е доста тешко да го кажам бидејќи немам некоја замисла каде би сакала да бидам. Моја цел е да бидам таму каде што е моето семејство.

16.Мислење за образованието – лично сметам дека тоа е многу битен ден од животот на секој човек, бидејќи преку самиот процес на образование се спознавате себе и стекнувате животно искуство и мудрост. Мислам дека секој треба да се посвети на изучување на одредена наука или занат, а особено жените како би имале подобра позиција и статус во општеството.

17.Омилени блогови – тоа кај мене се менува често ,па во моментов сакам да го читам блогот на Ana2Cats, но и да ги гледам нејзините видеа на Youtube како и видеата на Тамара Калинич и Jeffree Star. И тројчата ги обожавам и уживам гледајќи ги нивните видеа.

18.Слика од тебе – може да погледнете на мојот инстаграм профил

19.Омилен филм – Срцепарателниот City of angeles.

Напишете коментар