Aура Romantic Sunset палета со сенки за очи! Рецензија!

насловна(1)

Здраво девојки,

Пред неколку дена ,на мојот инстаграм профил, поставив анкета во која ве прашав дали повеќе би сакале да читате рецензија или пост за првите впечатоци за палетата со сенки на Аура,и најголем дел од Вас се одлучија за рецензија. Па денес, за Вас припремив рецензија на Romantic Sunset палета со сенки на брендот Аура.

Палетата доаѓа во црно елегантно и потполно сјајно пакување, на кое е назначено името на самата палета и сите оние детали околу состојките и големината на истата.

20180609_110413

Кога ќе ја отворите палетата со сенки, по целата должина на левата страна се наоѓа огледало, додека на десната страна се сместени 12 сенки за очи и двострана четка која може да послужи за грубо нанесување на сенките ,но не и за нивно прецизно блендање.

Како што може да забележите и сами, оваа палета е составена од црвенкасто-розевкасти нијанси,бела нијанса како хајлајт и црна и темно кафеава како сенки со кои може да го „затемните“ изгледот кој го креирате со неа .Во палетата е направена комбинација од мат, седефкасти и шимер сенки, па така лесно може да направите комбинација која ќе ја нанесете за само неколку минути а ќе направи да изгледате средено.

Нејзината цена е околу 700 денари.

20180609_11043020180609_110433

Што се однесува до самите сенки, тие имаат феноменална пигментација. Лесно се нанесуваат и блендаат преклопувајќи се една со друга, па така лесно може да креирате интересни изгледи одлични и за дневна и за вечерна варијанта. Сенките не се ронат што за мене е посебно важно, бидејќи јас ја нанесувам подлогата на лицето пред да ги нашминкам очите. Самата палета е со некоја средна кон мала големина, па може да ја носите и со себе во ташна и притоа да не ви одзема голем простор.

20180609_11045120180609_11051320180609_110618

Дали Ви е неопходна оваа палета?-  Според мене да, бидејќи во една палета со сенки се сместени нијанси кои лесно се прилагодуваа со секоја комбинација на облека која ја имате на себе, мала е и може лесно да ја носите со себе ,  и има одличен квалитет што последнове некојлку години стана и заштитен знак на сите производи на брендот Аура.

2 thoughts on “Aура Romantic Sunset палета со сенки за очи! Рецензија!

  1. Пингување: Фаворити!

Напишете коментар