5 make up производи кои треба да ги поседува секоја девојка!

makeupaid2

Шминката е доста специфичен начин на прекривање на неправилностите и истакнување на предностите на лицето на секоја девојка.Но, доколку сте полетник во шмикањето, секако не вие јасно кои производи се потребни за создавање на секојдневна шминка. Што е многу, што малку, а што е доволно, во големиот избор на козметички производи и брендови. Затоа, денес сакам да пишувам за 5те make up проиводи кои според мене , се неопходни и основни.

  • Течен пудер – ова е првиот и основен производ со кој започнува секое шминкање. Течниот пудер е тониран производ, со кој ќе го изедначите тенот на Вашето лице со што ќе добиете еднаква боја одлична за понатамошното нанеусвање на производите. Функцијата  на овој производ е да ги покрие сите неправилности кои се наоѓаат на Вашето лице.
  • Коректор – течен или компактен, ова е производ со кој лесно и едноставно ќе ги „избришете“ грешките од Вашето лице. Небитно притоа дали станува збор за акни, лузни, флеки или колорации на лицето, со нанесување на коректорот, тие делови ќе се изедначат со Вашиот тен. Секако, како и телниот пудер, така и коректорот го избирате според нијансата на Вашата кожа. Функцијата на овој проивод е да ги покрие неправилностите на лицето кои неможат да се прикријат само со течниот пудер.
  • Маскара– овој производ ќе Ви помогне да ги нагласите Вашите очи и да создадете ефект на нивно зголемување. Маскарата е еден од основните произовди кој сам по себе носи ефект на нашминкани очи. Со помош на овој производ ќе ги зголемите, згуснете или издолжите Вашите трепки.Функцијата на овој производ е да им даде дефиниција на очите.
  • Бронзер– како што предходно кажавме, течниот пудер ја тонира целата кожа на лицето во само една боја.Но, лицето нема една боја и има облини кои се познаваат. За да Вашата шминка изгледа природно, потребно е да ја „загреете“, односно треба да ги нагласите природните контури на лицето благо. Тоа ќе го направите со помош на овој производ, и ќе постигнете сосема природен изглед. Сепак тоа ќе се случи доколку употребувате мала количина на бронзерот, во спротивно на Вашето лице ќе останат кафеави. Функцијата на овој производ е да ги дефинира природните линии на лицето
  • Кармин-добар кармин кој истовремено ќе ги хидрира Вашите усни и ќе ги нагласи со блага боја, ќе Ви помогне во тоа да ги дефинирате и истакнете.Ова е еден од основните производи коига станува збор за шминкањето,бидејќи анесена шминка на лице каде усните се изоставени,изгледа неприродно и чудно. Функцијата на овој производ е да ги нагласи усните и на лицето да му даде поинаква димензија.

Доколку ви се допаѓаат ваков тип на постови ,оставете ми коментар подолу.

До нареден пост, следете ме на социјалните мрежи!

2 thoughts on “5 make up производи кои треба да ги поседува секоја девојка!

Напишете коментар