Интервју: „Блогерството и јас“

Здраво девојки,

Пред иззвесен период, на сајтот My gala life беше објавено мое интервју во кое ми беа поставени прашања околу блогот и блогерството , па сакав да го споделам со Вас. Во продолжение може да го погледнете целото интервју, а доколку сакате да ги погледнете содржините и мојата рубрика на овој сајт, притиснете го овој линк.

MARIJA

 

Се почесто се среќаваме со големата, неуморна креативност на младите луѓе, кои за среќа ја користат на различни начини, во различни облици. Се почесто се среќаваме и со блоговите како „инспиративни катчиња“  или проекти во кој блогерите вложуваат со својот труд, идеи, преку своите искуства го споделуваат своето мислење и совети, кон секој што сака да ги прими.

Поврзано со оваа тема, разговаравме со Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер, која својата креативност и љубов кон козметиката ја изразува и споделува преку нејзиниот блог My Make up Bag M.

 

  1. Здраво Марија. Да го продолжиме воведот кој го дадовме за блогерството. Што би додала во истиот, водена од своето искуство како блогер? Кое е твоето мислење за развивањето на блогерството, и дали тоа може да се нарече хоби или професија? Како би го класифицирала ти?

Здраво. Пред се Ви благодарам на интересот за мојата работа и моето креативно катче,мојот beauty блог My make Up Bag M. Блогерството е светски тренд кој полека пристигна и кај нас.Блогот е место на кое може да најдете искуства, совети и препораки на блогерите за одредени козметички производи, што пак за читателите ќе значи заштеда на пари и време кога сакаат да купат некој производ. Тука ќе можат да ги прочитаат сите карактиеристики на производите кои блогерите ги испробале. И како најбитна карактеристика на блогерите, и она поради што може да им верувате, е тоа што тие се секогаш искрени и секогаш ќе ги напишат нивните вистински искуства во облик на пост/објава. Што се однесува до мене, блогерството е моја голема љубов, мое хоби кое полека прераснува во моја работа, бидејќи со самиот раст на блогот пораснаа и обврските кон него но, и кон се поголемиот број на компании кои се заитересирани да остварат соработки со мојот блог.

 

  1. Кога започна Марија со блогерство? Кој беше моментот, односно мотивот на започнување на блогерството и создавање на блог?

Моите почетоци со блогерството започнаа во моите факултетски денови, кога изучувајќи го маркетингот, имав можност да се сретнам со овој облик на промоција ако тоа воопшто може да се нарече така. Главниот мотив кој ме натера на тој чекор да отворам свој блог, беше тоа што читајќи ги и гледајќи ги блоговите на светски познатите блогери , сватив дека преку сопсвен блог можам во едно да ги спојам моите најголеми интереси козметиката, шминката , нејзиното користење и маркетингот. Така , со отварањето на блогот, го пополнив моето слободно време со нешто доста креативно,кое патем ме опушта и релаксира. Верувам дека тоа се случува кога ќе се поклопат и спојат хобито и професијата.

 

  1. Што си по професија и колку таа ти влијае, или ти помага во работењето со блогот?

Како што напоменав во предходното прашање, јас го изучував маркетингот односно јас сум Магистер по Маркетинг менаџмент, на што сум посебно горда и морам да кажам дека ја обожавам таа професија, и ја изучував со голема страст и амбиција. Секако, мојата професија ми помогна многу во формирањето на блогот, изработката на постовите , во тоа како треба да изгледаат сликите, како да биде напишан текстот итн. Мислам дека моето факултетско образование односно мојата професија, беше пресудна во тоа  да за само неколку месеци активна работа успеам во тоа да мојот блог стане познат и доста читан . Атрактивен и за читателите и за компаниите.

 

  1. Колку време и труд бара работата со блогот? Дали би сакала да ни откриеш, колку време отприлика ти одзема подготвувањето на еден пост/објава?

Секако работењето на блогот одзема доста време и бара голема посветеност. Јас дневно поминувам и по 10 часа работејќи на мојот блог, односно на сликање производи, осмислување постови, одговарање на пораки, преговори со компании и лица, објавување на текстови итн. Секако, постојат денови во кои работам само по 2-3 часа но, сепак сметам дека најбитен фактор за успех на еден блог, е посветеноста, секојдневната и континуирана работа.

Кога станува збор за изработка на еден пост, времето кое е потребно за тоа зависи од тоа колку ќе биде голем тој пост, колку слики ќе содржи итн. За пост кој е помал , потребни се некаде околу 2-3 часа за негова целосна изработка, од сликање едитирање, пишување на текст па се до негово објавување. А кога станува збор за поголем пост, тогаш ми се потребни од 3-6 часа. Секако , некои од постовите се изработуваат и по неколку дена.

 

  1. Да поразговараме и за твојата љубов кон козметиката. На твојот блог најчесто го опишуваш своето искуство со користењето на производите, најчесто козметички производи, начинот на кој ги користиш, споделуваш идеи и совети. Кога започна љубовта кон шминката, козметиката?

Токму така, на мојот блог може да прочитате голем број на совети за тоа како да ги користите козметичите производи но, и како во домашни услови да направите шминка која ќе наликува на онаа професионалната од скапите салони. Секако таму ќе најдете и голем број на мои искуства од користењето на козметичките произвоид, моите впечатоци и препораки. Љубовта кон козметиката, пред се кон шминката, започна уште од многу мали нозе кога со часови стоев пред огледало и се шминкав кришум користејќи ги шминките на мојата мајка. Сепак, онаа права и вистинска љубов која ме натера да користам поголем број на производи, па и да започнам со овој блог, започна во моите средношколски денови, а веќе во факултетските таа препрасна во оваа голема љубов која ме натера и професионално да се занимавам со блогерството. Таа љубов трае и ден денес. Но, поддршката на моето семејство, мојот сопруг, праведноста, упорноста и професионализмот на која ме научија моите родители, како и помошта и довербата која секојдневно ја добивам од мојот брат и неговото семејство, особено љубовта на моето најмило внуче Андрија ,ме тераат да се трудам се повеќе, и да го остварам овој мој сон наречен My Make Up Bag M.  Можеби ова кажува колкава е потребата од искрена љубов, посветеност и поддршка на семејството, во успехот на секој човек.

 

Би продолжиле со нашите омилени „или-или“ прашања. Избери само едно:

6.Пролет или лето? Лето

7.Театар или кино?Театар

8.Куќа или стан?Тежок избор. Можеби и двете, бидејќи во моментов живеам во стан, а до неодамна живеев во куќа.

9.Летување или зимување?Летување

10.Поезија или проза?Проза

11.Париз или Лондон?Лондон

12.Романтична вечера или романтична прошетка?Романтична вечера

13.Потемна или посветла боја на кармин?Бидејќи мојот тен на кожата е доста светол, обожавам темни нијанси на кармини. Даваат одличен контраст и изгледаат извонредно.

  1. Понагласен или понежен make-up за очи?Понежен женствен изглед на очи
  2. Пуштена или собрана коса?Собрана коса

 

За крај, што би им препорачала на читателите на My Gala Life? Кое е твоето мото?

На сите Ваши читатели пред се би им порачала да го следат Вашиот сајт бидејќи има навистина интересни и корисни содржино, да го следат мојот блог, како и моите текстови кои секоја Сабота и Недела се објавуваат тука на Вашиот сајт, и доколку имаат некое прашање или идеа за која би сакале да читаат на мојот блог, а се однесува на козметиката и шминката, слободно да ми напишат порака или коментар. Исто така, би сакала да им порачам , секогаш да бидат храбри и мудро да одат кон остварување на своите соништа, бидејќи само тогаш кога ќе почуствувате дека со сопствен труд сте оствариле и постигнале нешто во животот ќе сватите колку всушност сте силна и јака личност. Тоа е неописливо добро чуство. И секогаш чувајте го срцето чисто, борете се за вашите желби, и правете го она што Вам ќе ве направи среќни. Бидејќи искрената насмевка на лицето нема замена, а ни цена.

Моето мото е :

MOTOO

Напишете коментар