Блог „Предизвик“ !

prosirena

Здраво на сите,

Добродојдовте на мојот блог.

Денес за Вас припремив нешто поразличен пост, односно денес ќе може да прочитате одговор на  прашања од еден предизвик кој го пронајдов на интернет, а во него се наоѓаат прашања кои често пати и Вие ми ги поставувате мене.

Доколку сакате да дознаете уште нешто за мене, а не е опфатено во овие прашања, напишете ми го тоа во коментарите и сето тоа ќе го вклучам во Q&A постот кој го припремам за Вас.

Па да започнеме.

1.Што,зошто и каде пишувам?

Како што веќе добро знаете, тука на мојот блог, инстаграм профили и фб профил, пишувам текстови во кои се опфатени теми поврзани со козметиката и шминката. Блогот одлучив да го започнам бидејќи обожавам да користам козметички производи, а на овој начин можам своите искуства да ги пренесам до голем број на читатели.

Покрај текстиви тука, исто така , моите искуства и совети може да ги прочитате и на сајтот My Gala Life, во рубриката Викенд Beauty со Марија.

  1. Моментална брачна состојба.

Јас сум сопруга на еден извонреден човек кој е моја голема поддршка и помош во моето остварување како блогер. Исто така, сум мајка на едно преслатко девојче од 8 месеци, по име Нина.

3.Омилена храна?

Морам да напоменам дека јас сум гурман, обожавам да готвам ,а и да конзумирам храна. Со годините се менуваше мојот вкус ,па така омилен храна во моментов ми е супа со кнедли, секаков вид на тестенини и салати.

4.Доколку би можела да избереш одредена работа, што би одбрала да работиш?

Дефинитивно тоа би било работа во објаста на Маркетингот, што и всушност е моја професија. Доколку во блиска иднина би можела блогот ,кој е мое хоби, да го направам своја работа и да заработувам пристојна сума од која би можела да живеам , тоа би бил идеален спој за мене.

5.Место на кое би сакала да се преселиш/ да живееш?

Некаде на море.

6.Според тебе, дали образованието е битно?

Според мене , образованието е исклучително важно за секој човек, бидејќи преку него се отвараат нови видици и нови прозорци кон животот. Спознавате нови можности, подобри и нови начини на остварување во животот.

7.Омилен филм?

City of angels.

8.Личност која те воодушевува и зошто?

Дефинитивно тоа е Ana2Cats, beauty блогерка од Србија,но верувам дека голем број од Вас добро ја познаваат.

Таа е една од моите омилени јутубери, начинот на кој ги снима своите видеа, начинот на кој ги пишува и представува производите на својот блог, за мене се многу блиски и интересни. Таа е првиот избор за мене, кога сакам да слушнам мислење за одреден козметички производ.

9.Ми недостасува?

Слободно време, време за релаксација и време за работа на блогот. Верувам дека ова им е познато на сите мајки на светот, и колку и да уживаме во своите малечки, сепак понекогаш недостасува време кое можеме да си го посветиме сами на себе.

10.Што те прави среќна?

Јас сум тип на личност кој е знае да се радува на мали нешта, на ситници ки со себе носат многу внимание и љубов. Па затоа мојата фамилија, моето семејство, споругот и мојата Нина се извор н асекојдневна радост и задоволство.

Покрај тоа, ме прави среќна секоја Ваша реакција на мојата работа, секој коментар на поддршка и пофалба.

Напишете коментар