Мини новитети+први впечатоци!

насловна

Денес со Вас сакам да споделам неколку козметички производи кои ги купив неодамна, а бидејќи сакам веднаш да почнам со нивно користење, одлучив да направам еден помал пост во кој ќе ви прикажам истите.

20171129_102047

Прва колекција која сакам да ви ја прикажам, а од која се воодушевив, е новата колексија на брендот Росал. Кога ги погледнав бев пријатно изненадена од интересниот дизајн,а бидејќи овој дрогериски  бренд веќе некое време нема новитети во својата понуда. Овој пат се одлучив за путер за тело од чоколадо, креми за раце од ванила и јагода, крема за лице и сјај за усни во кафеафкаста нијанса. Првиот впечаток од овие производи е феноменален. Многу ми се допаднаа и по нивната текстура и по ефектот кој го оставаат на кожата.

20171129_102309

Во потрага по интересна крема за лице, бидејќи сакам да ја променам мојата досегашна рутина и производи, наидов и на супер понуди на кремите на Гарниер и Нивеа. Одлуката падна на овие две.

20171129_102324

И последните три производи од овој мал шопинг, се нежен сапун со пилинг на Dove, спреј за коса и маска за лице на Афродита која ја испробав и навистина е многу добра.

Напишете коментар