10 трикови со кои ќе ја направите Вашата вечерна шминка беспрекорна..

po

Секоја од на нас девојките, тежнее кон создавање на беспрекорна вечерна шминка со која ќе ја истакне својата природна убавина.Затоа , денес со Вас ќе споделам 10 мали трикови како да го направите тоа сами ..

  1. Не заборавајте да ја контурирате и линијата каде започнува Вашата коса. Потемнувајќи ја таа линија, ќе му дадете некој вик на дефиниција на Вашето лице, а со тоа целата шминка ќе изгледа подобро
  2. Доколку сакате да направите иделани усни , секогаш пред да ги исцртате со молив за усни, моливот мора да биде оштар и со прецизен врв
  3. Пред да нанесете течен пудер на лицето, прекријте ги сите акни на Вашето лице со коректор кој пак ќе го нанесете со мала четкичка. Коректорот нанесен со четка, ќе ги прекрие подобро сите неправилности бидејќи четката ќе го нанесе коректорот и во најмалите кривини и пукнатини на кожата
  4. Нема ништо полошо од тоа кога ќе ја го завршите комплетно своето лице, и нанесувајќи ги темните сенки на очите ќе создадете дамнки од прав по лицето. Затоа, кога изработувате smokeѕ eye , прво нашминкајте ги очите а потоа нанесете пудер, коректор и пудер во прав на лицето
  5. Доколку бојата на одреден течен кармин Ви се допаѓа но не и неговата текстура, нанесете го на уните и оставете го 10мин. Потоа избришете го со обично марамче.На тој начин Вашите усни ќе ја впијат бојата на карминот и ќе добијат пигментација. Потоа само нанесете прозирен сјај за усни кој ви одговара, па така ќе добиете усни на кои ќе се наоѓаат и боја и текстура која сосема Ви одговара
  6. Доколку сакате да го зголемите интензитетот на хајлајтерот, нанесете прво кремас хајлајтер на образите , а потоа во прав
  7. Направете поголем волумен на Вашите трепки така што ќе нанесете 2 слоја на маскара само на врвовите на трепките
  8. Користете пилинг за усни и редовно користете го , така што ќе ги одстраните сите мртви клетки од нив. Тоа ќе ги направи помазни, а самиот кармин ќе го нанесете полесно и порамномерно
  9. Направете го Вашиот пудер хидрирачки, така што на истиснатата потребна количина на течен пудер, ќе додадете неколку капки на хидрирачки крем. Помешајте го и нанесете на лицето. Ова ќе ја хидрира Вашата кожа, а истовремено и ќе ја изедначи во однос на тенот
  10. Секогаш кога ќе правите контури на Вашето лице, не заборавете да го контурирате делот каде Вашето лице завршува на вратот, односно нанесете контури и под брадата па се до увото .Ова направете го во сосема блага форма ,па така визуело и лицето и телото ќе изгледаат сосема исто.

Напишете коментар